Медиумите во Англија најавија дека Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на фудбалерот Ерлинг Халанд до 2028 година со значително поголема плата и променета клаузула поврзана со евентуалното негово заминување.
Норвешкиот голгетер ако ја прифати понудата ќе заработува по 570.000 евра неделно со што ќе стане најплатен играч во Премиер-лигата.
Тој сега добива по 452.000 евра колку што имаат Кевин де Бруине и Давид Де Геа.