Фудбалерот, Емилијано Сала кој трагично загина во авионска несреќа додека патуваше од Франција кон Англија за да направи трансфер од нант во редовите на Кардиф, беше погребан во родниот град во неговата татковина Аргентина.
Тој беше кремиран откако заврши церемонијата во гратчето Прогресо во близина на Санта Фе. Голем број сограѓани, фанови, пријатели и членови на семејството се збогуваа со 28-годишниот фудбалер и му дадоа последна почит додека беше изнесуван ковчегот од клубот од неговото детство Атлетико и Сосијал Сан Мартин.
На погребот присуствуваа менаџерот на Кардиф Нил Вернок и извршниот директор на англискиот клуб, Кен Чо.