Клубовите во Шпанија се во опасност да загубат солидни финансиски средства поради ограничените рекламни активности на букмејкерите во земјата, тврди „Ел Паис“.
Во Шпанија се подготвува закон според кој логоата на обложувалниците веќе нема да можат да бидат на дресовите на тимовите. Ова значи дека директно ќе страдаат Валенсија, Алавес, Легањес, Гранада, Мајорка, Севиља, Осасуна и Леванте.
Покрај тоа, стадионите нема да можат да ги носат имињата на букмејкерите. Отсега, компаниите за кои станува збор ќе можат да се рекламираат во Шпанија само во текот на ноќта – од 01:00 до 05:00 часот.
Измените во законот се очекува да стапат на сила од почетокот на новата сезона, која е закажана за средината на септември.

