Првата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Австрија, Давид Алаба, нема да игра на утрешниот меч во Скопје против селекцијата на Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Тој се повредил на средбата со Словенија и веднаш потоа го напуштил тренинг кампот на Австријците. Во меѓувреме селекторот Франко Фода, најави дека ќе има на располагање 22-ца фудбалери за мечот во Скопје.
Медиумите шпекулираат дека за дуелот со Македонија закажан за в понеделник од 20.45 на Арената –Тодор Проески“, неизвесен е Мартин Хитенгер, кој исто така се соочува со повреда.

