Тројца членови на организацискиот комитет на СП во фудбал во 2006 во Германија се обвинети за малверзација и перење на пари од страна на Швајцарското јавно обвинителство, објавија медиумите во Германија.
Станува збор запоранешниот прв човек на германскиот фудбал Тео Цванцигер, соработникот Хорст Шмит, како и генералниот секретар и член во ФИФА, Урс Линси. Тие се товарат за измама со 6,7 милиони евра.
Во целиот случај е инволвиран и легендарниот Бекенбауер, кој беше посочен како главната фигура која ѝ го обезбеди Мундијалот на Германија.