Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Голем успех на параолимпијката Оливера Наковска Бикова на светското првенство
    Домашен микс

    Голем успех на параолимпијката Оливера Наковска Бикова на светското првенство

    risteBy riste06/05/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Оливера Наковска Бикова стана Светски рекордер, го освои треттото место на СП и обезбеди директна квота за учество на Параолимписките игри во Токио 2020 година.

    Оливера Наковска Бикова стана првата спортистка од Македонија со директна квота за учество на Параолимписки игри во Токио 2020.

    На Светското првенство во стрелаштво што се одржува од 01-12.05.2018 година во Чеонгју, Република Кореја, македонската спортистка – параолимпијката Оливера Наковска Бикова на 04.05.2018 година во дисциплината Спорт пиштол 25 метри со резултат од 569 кругови влезе во финалето како четвртопласирана од 32 спотисти кои настапија во борбата за медали, што воедно значеше и освојување на директна квото за учество на следните Параолимписки игри што ќе се одржат во Токио 2020.

    Согласно пропозициите, во оваа дисциплина 4 спортисти освојуваа директни квоти за токио и тоа носителите на медали и најдобро пласираната спортистка. Со оглед на тоа дека Оливера беше единствената спортистка во финалето, веднаш беше јасно дека е најдобро пласирана спортистка и ја освои квотата со самиот пласман во финалето.
    Ова е голем успех за Оливера, на која настапот во Токио ќе и бидат петти параолимписки игри по ред, но и на Макдонскиот параолимписки комитет кој континуирано бележи пласман на свои спортисти со освојување на директни квоти од Барцелона 1992 година, значи последователно на 8 параолимписки игри.

    По испуканото финале, го зазеде конечното 6-то место во дисциплината Спорт пиштол 25 метри.

    На 06.05.2018 година Наковска-Бикова настапи во дисциплината воздушен пиштол-жени и во конкуренција на 31 натпреварувачка, во основниот дел го освои првото место со изедначен светски рекорд од 570 кругови. Во финалето, по исстреланите дополнителни 22 истрели, Оливера Наковска Бикова го освои 3-то место и бронзениот медал со резултат од 214,3 кругови. Ова е трет последователен бронзен медал на нашата спортистка од Светските првенства. Трета беше и во Загреб 2010 и во Сул 2014 година во истата дисциплина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Текбол дојде во Македонија

    27/01/2023

    Вечерниот термин е главно резервиран за нашите одбојкари

    26/01/2023

    ИН МЕМОРИАМ: Почина Живко Дуковски

    22/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Педро ги советува неговите сонародници
    • Конте извесен период ќе паузира од фудбалот
    • Британецот ќе мора да оди на рехабилитација
    • Јунајтед имал други планови, Сабицер бил меѓу последните опции
    • Украинецот под лупа на ФА
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.