Српските власти соопштија дека уапсиле 17 лица во акција против криминален синдикат поврзан со хулигани кои го поддржуваат фудбалски клуб „Партизан“ од Белград.
„Апсењата беа резултат на заедничка операција на српската полиција и разузнавачката агенција“, рече вчера министерот за внатрешни работи Александар Вулин, додавајќи дека осомничените се обвинети за убиство, изнуда и трговија со дрога.
Дел од нив беа обвинети дека го користеле спортот како фронт за вмешаност во организиран криминал. Водачот на навивачите на Партизан, Вељко Беливук, со прекар „Веља Невоља“ и неговиот близок соработник Марко Миjковиќ, беа меѓу уапсените во рацијата.

