Македонскиот спорт загуби голем спортски работник, тажна вест денес пристигна затоа што на 81 година денеска почина Ѓорѓи Кузмановски, еден од најпознатите спортски работници во Македонија.
Сојузот на спортови потврди дека спортот загуби прекрасна и голема личност. Тој целиот свој живот го посвети на спортот, долгогодишен прв човек на Сојузот на спортови. Беше активен речиси до крајот на својот живот, секогаш подготвен да помогне на спортот, да им помогне на спортистите. Изминатите години беше еден од главните двогатели на многу спортски манифестации кои се организариаа во Скопје, Скопскиот атлетски маратон, изборот на спортисти на Град Скопје и уште многу други спортски настани кои ќе останат без неговото присуство.
Од страна на семејството информираат дека Комеморативна седница ќе се одржи утре во 13.00 часот во Конференциска сала на СЦ Јане Сандански. Погребот ќе се одржи во среда во 12 часот во капела Бутел.