Младиот, Маркос Лоренте, во рок од само два месеца го промени текот на кариерата и докажа дека ги има потребните вештини и карактер за да биде стартер за Реал Мадрид. Тој има одиграно 678 минути од почетокот на сезонава. Се појави на 9 натпревари и даде еден гол на светското клубско првенство.
Минатата сезона Лоренте имаше одиграно 1063 минути додека тимот го водеше Зинедин Зидан. Тој со неговите настапи докажа дека во изминатите 10 години работел максимално напорно и дека заслужено го носи дресот на „кралевите“. Во тековнава сезона новиот тренер, Солари, не е задоволен од игрите на Тони Крос и Дани Себалос и затоа се определи да му укаже доверба на младиот – Маркос.
Младиот фудбалер на 30 јануари во 2019 –та ќе наполни 24 години и најверојатно ќе добие нов далеку побогат договор од Реал Мадрид.