Властите во Шпанија објавија дека ќе ангажираат големи ресурси за финалниот меч во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем кој ќе биде одигран в сабота од 21.00 часот на стадионот „ Ванда Метрополитано“.
Мадридската полиција соопшти дека посебно се подготвува за најголемиот спортски настан кој носи висок ризик и дека ќе ангажира 4.700 лица кои ќе се грижат само за безбедноста на стадионот. Покрај тоа ќе циркулираат и голем број на беспилотни летала што значи дека полициските службеници ќе имаат подобра видливост за да реагираат брзо доколку е потребно.
„Сакаме да му покажеме на целиот свет дека Шпанија е безбедна и гостопримлива земја” – рече шефот на полицијата, Франциско Пардо. Според проценките, 40.000 англиски навивачи ќе бидат на стадионот а од 20 до 30.000 ќе бидат присутни на различни локации во градот и ќе го следат мечот во угостителските обејкти.