Сем Алардајс ја критикуваше Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) бидејќи го отпушти по само 67 денови на кормилото на „трите лава“ откако се повика на тврдењата на „Дејли телеграф” дека има нерегуларности во неговите постапки.
„Ако ФА се држеше на зборот и чекаше да ги види доказите на „Телеграф “, тогаш ќе заклучеше дека обвинувањата против мене се лажни. Ќе ја разгледам ситуацијата и со моите адвокати ќе видиме дали ќе покренеме постапка“ вели Алардајс.
Веднаш по неговата изјава следеше соопштение од ФА во кое се вели: можеме да потврдиме дека позицијата на ФА за Сем Алардајс не е променета, тој се извини за неговото однесување во тоа време и потоа постигнавме заеднички договор на задоволство на двете страни -стои во објавата на ФА.