Младиот фудбалер на ПСВ, Дојел Мален, влегува во радарот на повеќе-кратниот европски шампион, Реал Мадрид, објавија денеска дел од медиумите.
Според наведеното во – „Ле10 Спорт“, челниците на „кралевите“ ќе се вклучат во трката за потписот на 20 годишниот играч кој покажува блескави партии во тековнава сезона. Мален пред две години го напушти Арсенал и се пресели во ПСВ. Тој во меѓувреме успеа да се избори за место во селекцијата на Холандија.
Според одредени наводи, за услугите на Мален се заинтересирани Ливерпул и Барселона а се споменува и името на, Арсенал. Трансферната вредност на фудбалерот на ПСВ се движи околу 50 милиони евра.