Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, кој треба да одработи уште неколку месеци од договорот со „росонерите“, влегол во интензивни преговори со екипата на Лос Анџелес, објави денеска – „Атлетик“.
Американскиот клуб сака да го привлече 37-годишниот ветеран во текот на летото. Французинот веројатно ќе биде дел од селекцијата на „триколорите“ на Европскиот шампионат во Германија од 14 јуни до 14 јули.
Ќе потсетиме дека за Лос Анџелес настапува голманот, Уго Лорис, кој му е поранешен соиграч на Жиру во селекцијата на Франција,

