Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро, кој ќе го пропушти утрешниот меч со Кардиф во домашниот шампионат и средбата со Брајтон на 6 април во ФА купот, ќе биде подготвен за првиот меч со Тотенхем во Лигата на фудбалските шампиони.
Интернационалецот од Аргентина се повреди на пресметката против Фулам а лекарскиот тим уверува дека тој ќе биде подготвен за 1 /4 финалната фаза во Лигата на шампионите или елитното европско клупско натпреварување.
Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, најверојатно на двата наредни меча на местото на Агуеро ќе го користи Бразилецот, Габриел Хесус.