Напаѓачот на нашата фудбалска селекција, Илија Несторовски, верува дека Лихтенштајн ќе остане со празни раце по саботниот меч во Скопје во рамките на групната фаза во новото натпреварување – Лигата на нации.
„Сите сме фокусирани на мечот со Лихтенштајн. Верувам дека ќе продолжам да постигнувам голови. Сите знаат дека сме фаворити и дека тоа треба да го докажеме и на теренот“ – вели Несторовски.
Македонија е влезена во одлична серија од девет средби без пораз. Ефектот може да се подобри по саботниот натпревар во Скопје против аутсајдерот во групата.