Францускиот фудбалски напаѓач, Оливие Жиру, иако најавуваше дека ќе го напушти Челзи сепак се предомисли и потпиша нов договор со „сините“ кој ќе трае до јуни во 2021 година.
„Среќен сум што ќе ја продолжам авантурата. Не можам да дочекам да играм пред нашите фанови кога ќе има услови за тоа“ – вели корпулентниот напаѓач.
33-годишниот фудбалер на Челзи иако се поврзуваше со трансфер во италијанскиот Интер, сепак ќе остане уште една година во Лондон.