Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ја прифатил понудата на Реал Мадрид. „Кралевите“ на голгетерот му понудиле договор за три години со плата од 11 милиони евра по сезона.
Сега останува двата тима да се договорат околу обештетувањето. Шпанците првично понудиле околу 80 милиони иако „спарси“ бараат многу повеќе.
Кејн има договор до летото во 2024 година и доколку сега не направи трансфер, тогаш ќе може како слободен играч да си замине во друг состав.