Хрватскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Марио Манџукиќ, категорично одбил да ја продолжи кариерата во Кина во екипата на Далиан која му понудила 10 милиони евра за една сезона.
Кинескиот состав за кој игра Јаник Фереира Караско, успеа во меѓувреме да го договори ангажманот на Марек Хамшик од Наполи со надеж дека ќе успее да донесе уште некоја ѕвезда од Серија „А“.
Бидејќи трансферниот период во Кина трае до 1 март, луѓето од Далиан најверојатно ќе се обидат да испратат уште една понуда за Манџукиќ која ќе биде со многу подобри финансиски услови.