Голманот на РБ Лајпциг, Питер Гулачи проговори за претстојната пресметка со неговиот поранешен клуб Ливерпул во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
„Би било глупаво од нас да мислиме дека ќе биде лесно со Ливерпул. Тие загубија неколку натпревари, но немаа среќа. Не можете да давате заклучот за неколку недели, треба да донесете заклучоци од последните сезони. Ливерпул можеби изгуби малку самодоверба и форма, но играчите не губат квалитет преку ноќ. Земете го Алисон – тој направи две грешки против Манчестер Сити, но тоа нема да влијае на тоа што луѓето чувствуваат за него. Тој сè уште е меѓу најдобрите голмани во светот. Големите голмани имаат ментална цврстина да се вратат од овие ситуации, а тоа важи за Ливерпул како тим. Тие сè уште се едни од најдобрите во Европа. Имаат неверојатен напад, контрола на топката и транзиција во напад. Нашата работа е да ги спречиме да се вратат во подобра форма“, изјави Гулачи.
Првиот натпревар помеѓу РБ Лајпциг и Ливерпул ќе се одржи утре, 16 февруари, во Будимпешта. Почетокот е во 21:00 часот, а реваншот ќе се одигра на 10 март.

