Бразилскиот голман на Рома Алисон, кој беше незаменлив стартер на Бразил на СП во Русија е се поблиску до трансфер во Премиер лигата на Англија.
Фаворити за неговиот потпис се Ливерпул и Челзи, но според некои најави сепак „црвените” имаат предност, бидејќи понудиле 70 милиони евра за правата на голманот. Од друга страна, новиот менаџер на Челзи Маурицио Сари сака да потпише со голманот, бидејќи Тибо Куртуа е ред заминување од клубот.
Гласините за трансферот на Алисон изгледаат реални, откако тој ги отстрани од социјалната мрежа „Инстраграм” информациите дека е играч на Рома.