Клаудио Браво го напушти Манчестер Сити откако му истече договорот со „граѓаните“. Чилеанецот, кој моментно има 37 години, беше привлечен во 2016 година од Барселона за 15,4 милиони фунти.
Пеп Гвардиола сакаше Браво да го замени Џо Харт како број 1, но Чилеанецот имаше прилично неубедлива дебитантска сезона на „Етихад“ и во летото 2017 година клубот го привлече Едерсон, кој го зазеде почетното место на голот на „граѓаните“.
Клаудио Браво одигра 61 натпревар во дресот на Манчестер Сити, во кои имаше 20 сувио мрежи. Повеќе од половина од неговите натпревари беа во куп натпреварите на Манчестер Сити.