Доскорашниот стартен голман на Барселона, Нето нема да го памети синоќешниот натпревар со Динамо (Киев) по добро.
По осум последователни средби на голот на Каталонците, тој мораше да седне на клупата за сметка на Марк-Андре тер Штеген кој ја санираше повредата и се врати на голот на Барселона. Освен што Роналд Куман му рече дека нема да биде на теренот, Нето доживеа уште едно непријатно искуство.
На влезот на „Камп Ноу“, тој бил казнет од сообраќајната полиција за прекршување собраќајно правило со неговото возило. Поради градежни работи кои се извршуваат, фудбалерите на Каталонците сега влегуваат од друг влез, а Нето сакал да заобиколува,па го скратил патот преминувајќи во забранета зона. Тој е казнет со 200 евра за стореното дело, а по проценка може да му бидат одземени три бода од контролниот талон.

