Голманот на Брентфорд, Давид Раја, кого извесно време го следат Манчестер Јунајтед и Тотенхем, одби две понуди за промена на клупската средина.
Шпанскиот голман е во врвна форма оваа сеозна и е еден од најдобрите поединци кај популарните „пчели“.
„Одбив две понуди, една минатата година и една овој јануари. Тоа не беа понуди кои би ги прифатил. Можам само да го кажам ова. Сакам да се фокусирам на натпреварите и да не размислувам премногу за мојата иднина. Имам договор тука, па подготвен сум да го исполнам, но никогаш не се знае што ќе се случи на лето“, изјави чуварот на мрежата на Брентфорд.
„Можеби клубот сака да ме продаде, можеби не. Можеби сакам да останам. Сакам да се фокусирам на фудбалот и да видам што ќе се случи. Клубот ќе ја одреди цената и ако некој тим е подготвен да ја плати, нека биде така. Не сум загрижен за тоа. Јас не сум одговорен за тоа. Сакам да играм во Европа и да се борам за трофеи. Сакам да се борам за европска титула“, вели Раја.