Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера имаше одличен настап во дресот на Трабзонспор и со еден прекрасен погодок од слободен удар придонесе за високата победа над Монако од 4:0. Токму неговиот погодок, УЕФА го стави во изборот за „Гол на колото“ во Лигата на Европа.
Во конкуренција за ова признание се најдоа уште три погодока од вчерашните дуели.
A, B, C or D ❓ Who gets your vote for #UEL Goal of the Week? ⚽️🔥@Heineken | #UELGOTW
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 13, 2022