Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, се опоравил од фрактурата на левата нога, соопшти прес-службата на „црвените“.
21-годишниот англичанец се вратил во тренинг процес и може да му се стави на располагање на тренерот Клоп. Гомез се повреди во декември во 2018 година на мечот со Барнли одигран во 15-то коло во Премиер лигата и од тогаш се појави на теренот.
Првично беше проценето дека неговата рехабилитација ќе трае само две до три недели, но, очигледно проблемот беше покомплексен и тој мораше да паузира многу подолг период. Ливерпул на 31 март го очекува дербито со Тотенхем во рамките на 32-тата рунда во Премиер лигата.