Португалската елитна фудбалска екипа, Бенфика, објави на официјалниот веб-портал дека го анагажирала напаѓачот на Флуминенс, Жуни Гонзалез.
25-годишниот Колумбиец потпиша договор за 4,5 години. Тој во изминатата сезона за бразилскиот состав забележа 62 натпревари и постигна 17 голови на сите турнири.
Тој е второто зимско засилување за „лисабонските орли“, откако пред неколку дена беше ангажиран, Жулијан Вигел од Борусија Дортмунд, кој вчера дебитираше на средбата со Авеш кога неговиот тим победи со минимални 2 спрема 1.

