Откако пред неколку часа беше објавено дека Вардар и досегашниот тренер Гоазд Махаилов се договориле за раскин на соработката стигна вест и за новото тренерско има на клупата на Вардар. Информацијата за новиот тренер беше потврдена на официјалната фејсбук страница на клубот:
„Горан Петрески официјално е нов предводник на екипата на ФК Вардар.Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата.Во името на клубот му посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме дека заедно ќе се радуваме на победите на големиот Вардар“ се вели во информацијата на клубот.
Популарниот Чунга досега беше прв асистент на Махилов и сосема логично беше првиот избор за управата на клубот која мораше да реагира веднаш.

