Поранешниот тренер на Силекс и Вардар, Горан Симов, денеска е именуван за нов тренер на Македонија ЃП.
Симов го презема испразнетото тренерско место кај „лавовите“ откако пред неколку дена клубот ја заврши соработката со досегашниот предводник на тимот, Муарем Бајрами.
Симов денеска го потпиша договорот за преземање на кормилото на ѓорчепетровци.