Екипата на ФК Вардар по лошиот старт во Втората лига – Запад добива нов шеф на стручниот штаб. Во соопштението кое беше објавено, клубот информира дека е прекината соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Горан Симов.
„Фудбалскиот клуб Вардар и Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера“, велат од клубот.
Функцијата в.д шеф на стручниот штаб на Вардар ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров. Вардар од стартот на освои бод кај Кораб и тоа со младинци, а ја победи Воска Спорт, но загуби од Силекс и Вечешта, токму последниот пораз беше пресуден за отказот на Горан Симов.