Екипата на Вардар успеа да ја исполни планираната цел, а тоа е да избори опстанок во ПМФЛ, а предвникот на „црвено-црните“, Горазд Михаилов беше гостив во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
Со Михаилов разговаравем за изминатата полусезона, по неговото доаѓање на клупата на Вардар, за мотивот, целта и следните планови.
„Моето доаѓање на клупата на Вардар беше остварување на мојот сон, еден ден да го водам клубот за кого сум навивал, сум играл, сум растел како играч и затоа откако ја добив понудата, разговарав со сопругата, а таа едноставно ми рече, ете тоа е она што го чекаше и сега треба да му помогнеш на клубот. Токму тоа и го направив и сега сум среќен што ги водев овие момци кои дадоа се за да Вардар остане во ПМФЛ на Македонија.
Изминатите неколку месеци поминаа многу бргу, сега откако го направивме она што сите го сакавме, треба да го очекуваме потегот на управата на клубот кој најави дека ќе направат буџет со кој би можеле да бидеме конкурентни следната сезона. Мојот договор со Вардар е до крајот на оваа сезона, со тоа што начелно сме договорени да продолжиме и понатаму доколу клубот се стабилизира и направиме добар план кој би го реализираме во сезоната која следи.
Она што го видов во Струмица, бројните навивачи кои дојдоа над 3000 за да го бодрат Вардар едноставно не тера сите нас кои сме во клубот, стручен штаб, фудбалери и управа, д ададеме се од себе за да победиме, а тоа се случуваше на многу натпревари оваа пролет. Понекогаш финансиите се во втор план, а љубовта која ја гледаме кон клубот се нешто многу поважно, така беше и сега случајо“ рече Горазд Михаилов, тренерот на ФК Вардар во разговорот за Спортско радио 90,3 ФМ кој можете да го проследите во целост низ нашата програма.