Пред дербито со Ливерпул следниот понеделник, напаѓачот на Њукасл, Ентони Гордон, предупреди дека атмосферата на „Сент Џејмс Парк“ ќе биде „дива“ поради сагата за трансферот на Александар Исак.
Шведскиот интернационалец не играше во ремито 0-0 против Астон Вила во првото коло од Премиер лигата и сигурно нема да учествува ниту против „црвените“, откако јасно изјави дека повеќе не сака да игра за тимот на Еди Хау, инсистирајќи на преселба на „Енфилд“.
Ливерпул чека зелено светло за нова понуда, а Њукасл прво треба да обезбеди замена за него, најверојатно во Јоан Виса од Брентфорд.
„Со сето она што се случува, сигурен сум дека атмосферата ќе биде малку подива“, изјави Гордон за TNT Sports. „Се радувам што повторно ќе ги видам нашите навивачи, ќе се вратам на стадионот. Ќе биде одличен натпревар.“

