Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, вели дека сака да се израдува на пехарот во Лигата на шампионите.
„Химната на Лигата на шампионите е најдоброто нешто што постои. Не можете доволно да ја слушате“ – вели играчот на Баерн.
„Лигата на шампионите е единствена. Деновите пред мечот тренирате со топката од Лигата на шампионите и во одреден момент почнувате да си велите „Доаѓа ноќ во Лигата на шампионите. Тоа е магија.“ – потенцираше фудбалерот на Баварците.