Дисциплинската комисија при ФФМ одлучи дека тимот на Гостивар, лидерот на ВМФЛ конуренцијата е казнет со одзимање на три бода од неговото моментално конто во шампионатот и парично со сума од 1000 евра поради неправилниот настап на нивниот играч Гордијан Христовски на мечот од првото пролетно коло против тимот на Пехчево.
Истиот е регистриран со 1:0 како што и заврши, но сепак, Гостивар мора да сноси одговорност поради неправилниот настап. Ова значи дека во ВМФЛ конкуренцијата во моментов Гостивар, Вардар и Воска имаат по 40 бодови, и до крајот ќе има „мртва“ трка за пласман во првата лига.
На фудбалерот на Гостивар, Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка забрана на настап во период од шест месеци.