Денеска на посебна свеченост Град Скопје ги прогласи најдобрите во неколку категории за годинава што изминува.
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2023/12/4esh6lAU-768x1024.jpg)
Признанието во сениорска конкуренција очекувано заврши во рацете на Бобан Илиоски кој стана светски шампион во кик-бокс (лоу-кик) во категорија до 86 килограми. Најуспешен млад спортист е Силвио Мировски, од кик бокс клуб – Гладијатор. Дејан Митровски од кик бокс клуб „Шампион“ ја доби наградата за најуспешен тренер додека признанието во конкуренција на екипи го доби – „Специјална Олимпијада“.
Кај Лица со инвалидност награда му беше врачена на пливачот, Андреј Стојановски од Сојузот за спорт и рекреација на ивалиди од Кисела Вода.