Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје денеска ги доделија наградите за најдобрите спортисти за изминатата 2025 година. Во сениорска конкуренција беа врачени награди за 10 најдобри спортисти во Скопје, избор во кој се најдоа: Стефан Михајловски – Кик Бокс, Вероника Костовска – Карате, Катерина Ацевска – Џиу Џитца, Ангела Мојсовска – Карате, Христијан Бузалковски – Мотоспорт, Тони Лазов – Шах, Дарио Ивановски – Атлетика, Викторија Јовановска – Карате, Андреас Трајковски – Атлетика и Марија Спирковска – Борење.
Градот Скопје додели награди и за 10 најдобри во младинска конкуренција, за Кире Лазаров како најдобар тренер за 2025 година, за РК Алкалоид како најдобра екипа на годината, како и признанија за Андреј Стојановски за најдобар спортист со инвалидитет и за Специјалната олимпијада Македонија.

