Градоначалничката на Париз, Ан Идалго побара од Пари Сен Жермен да го задржи напаѓачот Килијан Мбапе во тимот.
„Не разбирам какви натпревари игра ПСЖ. Мбапе е најдобриот играч на светот. Признавам дека не разбирам ништо за ситуацијата, но Килијан е извонреден играч, тој треба да остане во Париз. Мислам дека тоа е и негова желба. Прашањето е во постапките на ПСЖ“, изјавила Идалго.
ПСЖ и натаму го притиска Мбапе да потпише нов договор, додека желба на играчот е да си го одработи договорот до крајот на следната сезона и да замине како слободен играч во Реал (М).