Англиските медиуми наведуваат дека Рахим Стерлинг, Ријад Марез, Габриел Жесус, Бернардо Силва и Емерик Лапорте, добиле известување од челниците на Манчестер Сити дека може да си бараат нови клубови.
„Граѓаните“ се надеваат дека барем дел од фудбалерите ќе бидат продадени во текот на летово со што ќе се отвори простор за евентуален ангажман на Хари Кејн (Тотенхем) и Џек Грилиш ( Астон Вила).
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нагласи, дека мора да се пронајде соодветна замена за напаѓачот, Серхио Агуеро, кој си замина во Барселона.