Пеп Гвардиола, тренерот на фудбалерите на Maнчестер Сити, ги потврди стравувањата дека првиот напаѓач Серхио Агуеро, заработи потешка повреда на вчерашниот меч со Барнли одигран во рамките на Премиер- лигата.
Аргентинецот во финишот од натпреварот се пожали на болка во коленото и веднаш побара да биде заменет. Гвардиола по натпреварот призна дека ситуацијата не е најдобра и дека сезоната за голгетерот е најверојатно завршена.
„Не изгледа добро, има болки во коленото. Ќе мора да направи детални прегледи и тогаш ќе знаеме многу повеќе“ – потенцираше шпанскиот стратег.