Манчестер Сити и Њукасл ќе бидат предмет на истрага од Европската комисија за наводно прекршување на правилата за државно финансирање, пишува Дејли Мејл.
Комисијата потврди дека добила жалби против двата клуба од различни земји за кршење на новите правила дизајнирани да спречат „државна помош“ што ги нарушува пазарите.
Манчестер Сити е во сопственост на шеикот Мансур од Обединетите Арапски Емирати. Саудискиот фонд за јавни инвестиции (PIF) пак има контролен пакет од 80% од акциите во Њукасл. Засега нема потврда за тоа кој точно ги поднел жалбите.