Фудбалерите на Манчестер Сити денеска ќе ја пречекаат Борусија (Дортмунд) во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ се неприкосновени фаворити и според многумина тие се со најголеми шанси за освојување на турнирот.
Гвардиола нема сериозни проблеми. Илкај Гундоган, кој ќе му биде партнер на Родри, ќе се врати на средината на теренот. Пред нив ќе играат Кевин Де Бруин, Бернардо Силва и Рахим Стирлинг. кај гостите, тинејџерот Џејдон Санчо, ќе го пропушти судирот на стадионот „Етихад“ поради повреда. Повредени се и Аксел Витсел, Дан-Аксел Загаду и младиот Јусуф Мукоко.
Сити: (4-2-3-1): Едерсон; Канчело, Р. Дијаз, Стоунс, Менди; Родри, Гундоган; Де Бруин, Б. Силва, Стирлинг, Фоден. БОРУСИЈА Д (4-3-3): Хиц; Јан, Аканџи, Хумелс, Гереро; Делејни, Белингем, Дахуд; Т.Азард, Е. Халанд, М. Ројс. СУДИЈА: О. Хатеган (Романија)

