Манчестер Сити има алтернатива доколку не успее да го купи Хари Мегуаер од Лестер Сити, кој според англиските медиуми е поблиску до Манчестер Јунајтед.
Станува збор за дефанзивецот на Бурнемаут Нејтан Аке, кој беше сериозна цел на Тотенхем, но сега се смета дека шампиони се со добри шанси да го привлечат. Холанѓанецот направи многу добра сезона, и може да игра на различни позиции, што е многу за Пеп Гвардиола.
Покрај тоа, тој би бил доста поевтина варијанта од Мегуаер и според весникот „Сан” неговиот трансфер на „Етихад” ќе чини околу 40 милиони фунти, два пати помалку од парите кои би биле дадени за дефанзивецот на Лестер.
Аке е производ на академијата на Челзи, исто така се зборуваше дека челзи сакаат да си го вратат, но поради казната нема да можат да го сторат тоа. Бурнемаут го купи за 20 милиони фунти и сега ќе го продаде за двојно повеќе.