Манчестер Сити ќе се сретне со Борусија (Менхенгладбах) на неутрален терен на Арената Пушкаш во Будимпешта во реваншот од 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, официјално објави денеска УЕФА.
Тоа е морално откако германските власти продолжија со ограничувањата на летовите што доаѓаат од територијата на Велика Британија поради пандемијата со КОВИД-19.
Германците откако го загубија со 2:0 првиот натпревар на домашен терен на стадионот – „Борусија парк“, сега ќе мора да одат на победа на реваншот кој ќе биде одигран во вторник на 16 мар од 21:00 часот.

