Манчестер Сити ќе го стави на трансфер листата фудбалерот, Жоао Кансело, за сума од 40 милиони евра, наведуваат медиумите во Англија.
Португалскиот дефанзивец изминатата сезона ја помина како позајмен во Баерн Минхен но, раководството на Баварците нема намера да му го откупи договорот.
Во исто време, Арсенал покажува дека е заинтересиран да го добие потписот на Кансело иако 29-годишниот фубалер најавува дека сака да замине во Реал Мадрид или Барселона.
