Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, кој има тековен договор со „граѓаните“ до 2023 година и кој му носи 300.000 фунти неделно, најверојатно ќе добие нов корегиран договор од финансиски аспект, објавија медиумите во Англија.
Според наведеното, челниците на тимот сакаат да му понудат на фудбалерот зголемување на платата за 100.000 фунти. Стерлинг кој во тековнава сезона игра одлично како во дресот на Сити така и во селекцијата на „Гордиот Албион“, наводно се наоѓа на радарот на шпанскиот Реал Мадрид.
Крилниот фудбал досега има постигнато 14 голови и забележано пет асистенции. Тој вкупно во Премиер конкуренцијата има 208 натпревари со ефект од 83 голови и 70 асистенции.
