Седум играчи на Манчестер Сити ќе мораат да побараат нова средина откако менаџерот, Пеп Гвардиола, најави голем ремонт во текот на летото.
„Граѓаните“ имаат лоша сезона откако беа елиминирани од Лигата на шампионите и заостануваат премногу во трката за титулата во Премиер-лигата.
Според информациите на „Скај Спортс“, англискиот клуб ги информирал Едерсон, Џон Стонс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган, Бернардо Силва, Џек Грилиш и Кевин Де Бруин, дека ќе бидат ставени на трансфер-листата.

