Манчестер Сити е првиот фудбалски клуб кој официјално ги извести сите вработени дека никој нема да добие отказ и дека на никого нема да му биде намалена платата.
– Остануваме посветени во заштита на нашите луѓе, нивните работни места и правиме напори да и помогнеме на пошироката заедница во тешкиов период“ – беше потенцирано од страна на премиер-лигашот.
Што се однесува до платите на фудбалерите преговорите допрва ќе се реализираат иако сите се свесни дека нивните приходи се големи и дека сосема е реално да прифатат намалување на истите.

