По елиминацијата на Манчестер Јунајтед, екипата на Манчестер Сити се наметнува како најголем фаворит за освојување на трофејот во фудбалскиот ФА Куп на Англија со кој може колку-толку да ја спаси разочарувачката сезона.
Избраниците на Пеп Гвардиола, во четвртфиналето ќе гостуваат кај Борнмаут кој има одлична сезона во Премиер лигата. На другите терени, единствениот второлигаш Престон ќе ја пречека Астон Вила додека Фулам ќе игра со Кристал Палас.
Брајтон ќе го дознае противникот откако ќе се одигра денешниот натпревар меѓу Ипсвич и Нотингем Форест.

