Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Сити, сакаат да го ангажираат напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс, наведуваат медиумите во Англија .
Шампионот на Премиер-лигата се раздели со Серхио Агуеро и затоа се обидува брзо да пронајде негова замена бидејќи на таа позиција остана само Габриел Хесус. Сепак, клубот не сака да даде огромна сума за играч како Хари Кејн или Ерлинг Халанд што значи дека Ингс би можел да биде профитабилен трансфер.
Во исто време, фудбалерот одби да потпише нов договор со Саутемптон затоа што сака да игра во поголем клуб. Тој има договор до наредното лето и „светците“ немаат многу простор за калкулација.