Манчестер Сити подготвува специфичен договор за Серхио Рамос доколку ветеранот во текот на летото не добие продолжување на соработката со Реал Мадрид.
Искусниот дефанзивен фудбалер првично би останал две години кај „граѓаните“ а потоа врз основа на неговиот ефект на теренот, ќе биде донесена одлука дали ќе продолжи во Англија или ќе биде префрлен во МЛС Лигата во тимот на Њујорк Сити.
Тоа значи дека Рамос ќе има шанси пред крајот на кариерата да заигра и во САД, како што претходно направија многи европски ѕвезди.

