Манчестер Сити синоќа ја реализираше својата 33-та победа во Премиер лигата во 2021 година. Со ова постигнување „граѓаните“ го повторија рекордот на Ливерпул за најмногу победи во една календарска година.
„Црвените“ имаа 33 победи во 1982 година.
Манчестер Сити синоќа во рамките на 17. коло од англиската Премиер лига, извојува рекордна победа од 7:0 и му го нанесе најтешкиот пораз на противникот во последните скоро 90 години.

